Мустафа: Без демаркација нема визна либерализација за Косово и во 2017

Од:

Косовскиот премиер Иса Мустафа изјави дека без ратификација на договорот за демаркација на границата со Црна Гора и тоа во текот на месец феврури нема да има визна либерализација и во текот на 2017 година.

– Доколку ратификацијата на демаркацијата со Црна Гора не се направи во текот на идниот месец, либерализацијата на визниот режим со ЕУ може да не се случи и во 2017 година, изјави Мустафа.

Според премиерот Мустафа, слободното движење е во рацете на пратениците од опозицијата, но, како што додава, и на мал број од оние од владејачкото мнозинство кои се против ратификацијата на Договорот за демаркација на границата со Црна Гора.

Тој, според „Зери“ се задржал и да други актуелни прашања.

– Што се однесува до апелите да се прекине дијалогот со Србија по последните случувања, сметам дека изолацијата без алтернатива не е постигната и оти ќе го прекине процесот на евроатланска интеграција.
Проширувањето на суверенитетот на целата територија на земјата е една друга цел, за која Косово ќе вложи максимални напори за да ја реализира, изјави Мустафа.

Во врска со последната рунда разговори со Србија, тој вели дека оваа средба имала за цел а тоа и го постигнала, намалување на тензиите создадени со последните провокации.

Би можело да ве интересира

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Куче во училиште нападна и повреди деца, го застрела училишниот полицаец

А1он

(ВИДЕО) Инцидент во училиште во Косово: Куче повреди четири деца и полицаец