ДС: Логично и легитимно е мандатот за состав на нова Влада да го добие СДСМ

Од:

Од Демократскиот сојуз, со писмено соопштение апелираат новиот мандат за составуање влада да го добие СДСМ, бидејќи народот на изборите гласаше за промени.

„По неуспешниот обид ВМРО-ДПМНЕ да обезбеди парламентарно мнозинство за избор на Влада, сосема логично и легитимно е мандатот за состав на нова Влада да го добие СДСМ.

И покрај укажувањата на експертите и Уставните решенија, мандатот да го даде на партијата или партиите што имаат мнозинство во Парламентот, Ѓорге Иванов, мандатот го даде на ВМРО ДПМНЕ, со што го прекрши Уставот и овозможи огромна предност на мандатарот Никола Груевски да формира Влада, но обидот остана без резултат.

Сега во интерес на стабилноста, националните, државните и интересите на граѓаните е да се избере Влада која ќе обезбеди стабилност, владеење на правото и ќе спроведе длабоки реформи.

Проценките се дека има мнозинство и сосема е извесно дека одговорноста за состав на нова Влада ќе биде и на СДСМ, но и на другите партии.

Инаку не ни се потребни отворање на вештачки дилеми околу Уставните решенија или повторно избори, мнозинството граѓани (над 612.000) се определени за промени стабилност.

Затоа од сите партии се очекува разумно и одговорно однесување и водење сметка за државните интереси“ стои во соопштението на партијата на Павле Трајанов.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски