Шефот на полската дипломатија Витолд Вашчиковски ја поддржа контраверзната одредба на новиот американски претседател Доналд Трамп со која што го запре прифраќањето на бегалци од Сирија и истовремено им забрани влез на граѓаните од неколку претежно муслимански земји.
„Доналд Трамп не ја затвори америка за бегалци. Тој ја затвори за имигранти од седум муслимански земји. Овластувањата на американските претседател се доста широки и тој има право на тоа. Размерите на оваа појава се многу големи во овој момент, па миграционата политика мора да биде политика на владата. Ниту една земја нема обврска да прима имигранти“ изјави Вашчиковски за полските медиуми.
Полскиот министер нагласи дека земјите, во согласност со конвенциите, имаат обврска да примаат бегалци, но само ако бегалците успеат да стигнат до земјата.
„Тоа не е прашање дали ми се допаѓа или не. Тоа е право на суверената држава да одлучува за миграционите политики. Дали тие мерки ќе бидат ефикасни, ќе покаже времето. И Полска во минатата година не ја прифати политиката на Европската Унија да мора да се примаат имигранти. Констатиравме дека не е во ред со нормите на 21. век да се присилуваат луѓе од имигрантски кампови во земји во кои тие не сакаат да одат“ рече Вашчиковски.
Одлуката на Трамп ја поддржа и полскиот министер за внатрешни работи, Маријуш Балшчак кој изјави дека Полска нема да ја отвора границата за имигранти и најави измени во законот за странци и законот за азил.