Словенија е подготвена да понуди место за состанок на претседателот на САД Доналд Трамп и рускиот лидер Влидимир Путин, изјави шефот на дипломатијата на земјата Карл Ерјавец.
– Земјаќи го предвид фактот дека успешно го организиравме состанокот на Џорџ Буш и Путин. Сергеј Лавров истакна дека тој не гледа причина да не се повтори состанок на тоа ниво. Сето тоа, секако, зависи од Трамп и Путин, наведе Ерјавец во интервјуто за „Журнал 24“.
Доналд Трамп и Владимир Путин остварија телефонски разговор на 28 јануари.
Во текот на разговорот шефовите на Русија и САД се договорија да работат на времето и местото за одржување на состанок.