Министерството за туризам во Хрватска не се откажува од рекатегоризација на семејното сместување, бидејќи ист број на ѕвездички често не подразбира и ист квалитет.
Рекатегоризацијата ќе се спроведе во согласност со новите минимални услови кои ќе одговараат на барањата на пазарот и ќе на намалат непотребната администрација, потврди министерот Гари Цапели.
Тој покрена разговори со претставниците на семејното сместување од Хрватската стопанска комора и советувалиштата за семејно сместување Интерлиго.