Културната иницијатива „Контра кадар“ вечер во Социјалниот центар Дуња организира дебата и проекција на филмот „Хај-Фај“.
Љубителите на филмот ќе можат да се сретнат со режисерот на филмот Владимир Блажевски, а во дебата ќе учествува и професорот по сценарио на ФДУ проф. д-р Сашко Насев.
Филмот „Хај-Фај“ е правен според истоимената драма на Горан Стефановски и претставува еден од пресвртните моменти за македонската кинематографија, во ера кога филмовите почнуваат да се занимаваат со теми од современиот живот на луѓето во Македонија.