Над 300 илјади потписи собрани во Велика Британија против посетата на Доналд Трамп

Од:

Над 300 илјади потписи се собрани во кусо време во Велика Британија, по организираната петиција на интернет против организирањето државна посета на Доналд Трамп на Лондон, откако американскиот претседател потпиша декрет со кој се забранува влез на муслимани од седум земји од арапскиот свет.

Според британските закони доволни се и 100 илјади потписи, за да се покрене дебата во Парламентот, за барањето изнесено во петицијата.

Лидерот на лабуристите, Џереми Корбин изјави дека би било „целосно погрешно“ да се продолжи со организирање на посетата за подоцна оваа година, во сегашната ситуација, создадена по декретот за имигрантите.

Посетата беше договорена и објавена во текот на посетата на премиерот Тереза Меј в петокот на Вашинтон.

Од Даунинг стрит 10 се бараше да реагира на повиците за откажување на посетата на Трамп.

Освен лабуристите, за откажување на посетата се изјаснија и либералдемократите и шкотската СНП партија.

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, за телевизиската станица Скај-Њуз изјави дека премиерот Меј има направено грешка што сега го поканила Доналд Трамп, додека американската админстрација се уште не е целосно составена.

Би можело да ве интересира

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена

Поранешниот адвокат на Трамп сведочеше дека и платил на Сторми Даниелс 130.000 долари за да молчи

Трамп не ја сака Хејли за потпретседател, ѝ посакува се најдобро

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари

Трамп: Нетанјаху сигурно знаел дека ќе има напад на 7 октомври