Еден америјански војник е убиен, а тројца се ранети во напад врз штаб на Ал Каеда Јемен вчера, соопшти денеска Пентагон.
Војникот починал од здобиените рани, прецизира американското Министерство за одбрана.
Пентагон нагласи дека во акцијата се убиени 14 членови на џихадистичката групација Ал Каеда на Арапскиот Полуостров. Во операцијата се собрани информации, кои веројатно ќе обезбедат податоци за плановите за идните територички напади, се наведува во соопштението.
Претставник на локалните јеменски власти соопшти дека најмалку 41 осомничен член на Ал Каеда, меѓу кои и племенски лидери на џихадистичката мрежа, како и осум жени и осум деца се убиени.