Бејта на куса средба со Заев

Од:

Градоначалникот на Гостивар Невзат Бејта и потпретседател на ДУИ, вечерва во седиштето на СДСМ имал куса средба со лидерот на СДСМ Зоран Заев. Неофицијално, со него биле и уште двајцата потпретседатели на партијата, Теута Арифи и Иџет Мемети.

Од СДСМ не коментираат ниту дали бил, ниту за што се разговарало.

Бејта и јавно соопшти дека не поддржува коалиција со Груевски и дека ниту еден Албанец тоа не би требало да го посакува.

Како што велат извори од ДУИ, на седницата во Мала Речица е напнато и неизвесно, Ахмети нема поддршка од мнозинството, но и дека дел од новите пратеници може и да му откажат послушност доколку одлучи да оди во Влада со Груевски.

Утре истекува рокот кога мандатарот Груевски треба да го достави предлог составот за нова Влада и програмата или да го врати мандатот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија