Норвешка соопшти дека прв пат жена ќе застане не чело на воено воздухоловните сили, што е уште еден чекор во мерките за еднаквост меѓу половите во Норвешка.
Назначувањето на Тоние Скинарланд, која на 49 години го доби чинот генерал, е извршено во моментот кога военото воздухопловство е во процес на модернизација. Авионите ловци Ф-16 ќе бидат заменети со супер модерните Ф-35.
Скинарланд всушност раководеше со воено воздухопловните сили од октомври, по смртта на нејзиниот претходник.
Таа веќе три децении е во служба на армијата, при што никогаш не служела како пилот.
Нејзиното унапредување е нов чекор во борбата за еднаквност на половите. Од почетокот на ’90-те години жените можат да служат во норвешката армија како пилоти на ловци, хеликоптери или команданти на подморници.
Од почетокот на 2016 година воената служба е задолжителна и за двата пола. Со тоа земјата е уникатна меѓу членките на НАТО.