Уапсен директорот на езерската полиција, Дарио Клечкаровски

Од:

Во полициска акција „Пента“ утрово е уапсен директорот на езерската полиција Дарио Клечкаровски и уште три лица од Охрид и Струга кои учествувале во недозволен лов на риба од Охридското езеро. Директорот Клечкаровски се сомничи дека бил главен организатор на групата.

„Пред почетокот на летото добивме информации дека командирот има своја операттивна група преку која врши недозволен лов на рива во Охридското езеро.

Утрвдиме дека е во контакт со три лица од Охрид и Струга на кои што им давал задачи кога да влезат во езерото да ловат и дека притоа нема да бидат контролирани“, рече директорот на Бирото за Јавна безбедност Љупчо Тодоровски.

Според него Клечаксровски наместо да го блокира неовластеното ловење на риба тој го правел спротивното. Овоие три лица уловените риби најпрво ги носеле во своите домови, а потоа ги продавале.

Денеска со наредба од истражен судија полицијата ги приведе четирицата, изврши претрес во нивните домови и откри голема количина техника за ловење и одредено количество на риба.

Против нив се поднесени кривични пријави, а се однесени на сослушување во охридскиот суд.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Поплавени подруми и гаража во охридско од поројниот дожд

Најмногу дожд во Охрид во изминатите 24 часа

Почина седумесечно бебе во болница во Охрид: Паднало од кревет во домот во Вевчани

Орце Костов

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски