„Шпигел“: Околу 40 турски војници побарале азил во Германија

Од:

Околу 40 турски војници, кои служат во базите на НАТО на територијата на Германија, поднеле барање за азил во оваа земја, пишува весникот „Шпигел“.

Според весникот повеќето од војниците се високи офицери.

Федералната служба за мигранти и бегалци соопшти дека нивните барања ќе бидат разгледани во редовна постапка.

– Нема сомнение дека не можеме да ги вратиме тие војници во Турција. Таму веднаш ќе бидат ставени во затвор, изјави за „Шпигел“ Штефан Мајер, експерт во Бундестагот за внатрешно-политички прашања.

Германскта канцеларка Ангела Меркел на 2 февруари ќе замине во официјална посета на Турција.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски