Сириската армија ја презеде контролата врз изворот на вода на Дамаск

Од:

Сириските владини сили изутринава навлегоа во населеното место Ајн ал Фиџа, во близина на Дамаск и воспоставија контрола врз изворот на вода, од кој се доставува најголемиот дел од водата за пиење за главниот град на Сирија, соопшти воена медицинска екипа на либанската групација Хезболах, јави БТА.

– Сириската армија навлезе во регионот на долината Вади Барада, откако постигна спогодба со бунтовниците, кои неколку недели се обидоа со сила да ја задржат контролата, изјавија претставници на медицинскиот тим.

Спогодбата предвидува и повлекување на бунтовниците од регионот.

Доставувањето вода за пиење за Дамаск беше ограничено по саботажата, извршена од бунтовниците на 24 декември. Според сириските власти експлозијата во Ајн ал Фиџа, кој се наоѓа на 15 километри од Дамаск била дело на ектремистичката групација „Џебат Фатх ал Шам“.

Во Ајн ал Фиџа веднаш се испратени екипи, кои треба да го обноват снабдување со вода на Дамаск.

Би можело да ве интересира

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

Избегнат руско-американски инцидент во Сирија

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад