По речиси три недели, екипите на Комунална хигиена – Скопје тргнаа во акција „чистење на плоштадот со копачи и лопати“. Го расчистуваа лизгалиштето на градскиот плоштад каде во изминативе денови паднаа стотици граѓани. Мразот се чистеше неколку часа и во неколку етапи.