ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ секогаш ги понижувал и навредувал припадниците на безбедносните сили

Од:

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат со писмено соопштенија на прес конференцијата на Максим Димитриевски од СДСМ, во која што тој посочи на условите во кои што се наоѓа македонската армија.

„СДСМ никогаш не воделе сметка за припадниците на Армијата на Република Македонија, ниту кога беа на власт, ниту кога во Собранието се гласаше за поволности за осовременување на Армијата. Со тоа евидентно е дека и тогаш, како и сега на СДСМ им се важни само тесно партиските, а не националните интереси.

За набавката на воена опрема и вооружување и покрај опструкциите кои СДСМ ги правеше, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ предвиде да се одвојат рекордни 300 милиони евра за периодот до 2027 година. Ова покажува дека СДСМ нема апсолутно никакво чувство за портребите на Армијата, туку само ја злоупотребува за некој ситен политички поен.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да инвестира во сегментот на безбедноста принципиелно и без политизирање. Впрочем ги повикуваме лажните душегрижници од СДСМ да ја погледат програмата Реално и да видат конкретни проекти и мерки, наместо нивните стопати повторени манипулации и лаги кои се обидуваат да ги наметнат како вистина“ стои во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат