Британија одбележува 20 години лош секс во книжевноста

Од:

Британската награда Bad Sex in Fiction би требало денеска да биде доделена на еден од авторите на лошиот еротски опис во книжевното дело.

Осум автори со своите бестселери се наоѓаат на листата за „најстрашната“ книжевна награда.

Меѓу потенцијалните добитници се наоѓаат: Пол Мејсон, кој ги навреди судиите споредувајќи го својот страствен херој со „бедниот циркуски јавач“ во новелата „Rare Earht“ и Никола Баркер која својот љубовник го опишува како гладно врапче во овоштарникот во делото „The Yips“.

Иако масовното се делеше по пат на социјалните мрежи, садомазохистичкиот роман „Fifty Shades of Grey“, авторот Е.Л.Џејмс не се најде на листата за награди затоа што делото не спаѓа во „исклучиво еротска литература“.

– Наградите се доделуваат за да се сврти внимание на необработени, лошо напишани и често површни сексуални описи во модерните романи. Горди сме што продолжуваме со нежното казнување на најошите испади во книжевните дела, соопштија од списанието „Literary Review“ кое ја доделува наградата веќе 20 години по ред.

На листата за награди се врати и американскиот автор Том Волф, кој пишува за трките и сексот во Мајами.

На списокот би требало да се најде и првиот роман за возрасни, на авторката на „Хари Потер Џеј Кеј Раулинг „The Casual Vacancy“, но судиите одлучиле дека е помалку страшен во однос на другите романи.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство