Екипата на Црвена Звезда ја постигна седмата победа во серија во кошаркарската Евролига или вкупно 12.та победа.
Црвена Звезда триумфот над Панатинаикос од 72:66 го обезбеди во последната четвртина (15:10). Најдобар поединец кај победникот беше Огњен Кузмиќ со 10 поени и 14 скокови, додека најефикасен на дуелот беше Кени Габриел од Панатианикос со 23 поени.
Кошаркарите на Фенербахче во дуел од 20.коло во „градската пресметка“ на Истанбул го победија Галатасарај со 85:80 и ја остварија 13.та победа во Евролигата.
Во тек е натпреварот Макаби – Уникс Казан.
Утре се играат пет натпревари од оваа рунда: ЦСКА Москва – Анадолу Ефес, Дарушафака – Жалгирис, Барселона – Басконија, Олимпијакос – Бамберг и Реал Мадрид – Армани Милано.