Мексиканскиот претседател ја откажа посетата на САД

Од:

Енрике Пења Нието, претседателот на Мексико, го откажа патувањето во Вашингтон и закажаната средба со американскиот претседател, Доналд Трамп.

Откажувањето на посетата доаѓа само ден по потпишувањето на извршната наредба, од страна на Доналд Трамп, за изградба на ѕид на целата граница со Мексико.

Новиот американски претседател исто така настојува Мексико да ја плати изградбата на ѕидот, а денеска изјави и дека доколку немаат намера да го платат ѕидот, тогаш Нието подобро да не оди во САД.

Одговорот од Нието следеше на Твитер, каде што потврди дека од Белата Куќа добил соопштение дека американската страна не сака да се сретне во Вашингтон.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Бајден ќе присуствува на инагурацијата на Трамп

Обвинителите се откажаа од случајот против Трамп поради напорите за поништување на изборните резултати

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Трамп планира да ги исфрли сите трансродови луѓе од војската на првиот ден на функцијата пишува „The times“

Катерина Ѓуровски

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп