Шест судски институции добија ИСО стандарди во работењето

Од:

Судскиот совет на Република Македонија, Врховниот суд на Република Македонија и апелациските судови во Скопје, Штип, Битола и Гостивар се првите судски инситуции кои добија сертификати за стандарот за квалитет ИСО 9001-2015 во рамки на поддршката на Програмата на УСАИД за подобрување на работењето на организациите. Воведувањето на ИСО стандардот се спроведе во текот на 2015 и 2016 година.

– Во изминатите 25 години, УСАИД и помогна на Македонија во воспоставувањето ефикасен и транспарентен судски систем и работеше на зајакнување на капацитетите на судовите за поефективна и поконзистентна примена на судските политики и практики. Во рамки на Програмата за подобрување на работењето на организациите, УСАИД им помогна на судските институции во поефективно спроведување на процесите на набавки, а со тоа и во исполнување на нивните законски обврски за воведување системи за управување со квалитет, изјави директорот на Мисијата на УСАИД Џејмс Стajн.

Претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски истакна дека во изминатиот период работеле на почетно воведување на стандардот ИСО 9001-2015 и оти активностите во следните две години од процесот на сертификација ќе бидат насочени кон преиспитување на процесите и процедурите и подобрување на ефикасноста и ефективноста на горенаведените судски органи.

Директорката на Програмата на УСАИД за подобрување на работењето на организациите Валбона Морина Максут изјави дека квалитетот, ефикасноста и независноста се клучните компоненти на ефективниот судски систем преку кој се гарантираат и основните човекови права и се поддржува економскиот развој на земјата.

Програмата на УСАИД за подобрување на работењето на организациите во Македонија има за цел да го подобри работењето на одредени институции кои се сметаат клучни за развојот на земјата и за целите на Мисијата на УСАИД во Македонија. Во текот на програмата беа спроведени интервенции за подобрување на работењето во следните седум организации: Секретаријатот за Европски прашања, Инспекцискиот совет на Република Македонија, Министерството за информатичко општество и администрација, Стручната служба на Судскиот буџетски совет, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Фондацијата Чекор по чекор и Центарот за стратегиски истражувања и документација – Форум. Како резултат, структурите и процесите на овие организации беа подобрени, а вештините и знаењето на нивните вработени зголемени.

Би можело да ве интересира

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови

Хисени: Признавањето вина од Мемети и од Георгиев – горчлив доказ за понатамошното намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Во Обвинителството и судството парите од буџетот за нови вработувања ги пренаменувале за плати велат од Финасии

Судскиот совет ја отфрли Иницијативата од ДКСК за одговорност на членови од Управниот одбор на АСЈО