Модуларните куќи се лесни за транспортирање, не се премногу скапи и претставуваат топол дом.
Филипе Асади ја осмисли „Remote House“ прототип проект наменет за мобилен и висококвалитетен живот.
Куќата е сместена во чилеанскиот Регион де Валпараисо и целосно е изградена за 45 денови, транспортирана за четири часа и инсталирана за шест.
Површината на домот е 80 метри квадратни во кои се сместени три спални соби, две бањи, пералница, централен животен простор, трпезарија и кујна.