„StoryTime“ е совршена столица за нишање наменета за три лица.
Изработена е од страна на искусниот столар и љубител на книги Хал Тајлор, кој идејата за креирање на оваа прекрасна столица ја добил откако добил трето дете.
Успеал да создаде столица на која ќе може да ги смести сите три деца и да им чита книги.
За да ја изработи оваа столица потребни му биле околу 260 прецизно исечени и обликувани парчиња дрво што совршено се совпаѓаат.
Столицата е многу тешка за изработка, па поради тоа нејзината цена е 7.500 долари.