Дебата меѓу Амон и Валс двата кандидати за претседателски кандидат на француските социјалисти

Од:

По дуелот меѓу двајцата преостанати канидати од вкупно седум за претседателски кандидат на француските социјалисти, општ е впечатокот дека дебатата беше на високо ниво, со посебна грижа да се покаже единството на социјалистичката партија, силно разнишано во изминатите пет години и посебно меѓу кандидатите кои доаѓаат од две спротиставени струи на партијата, пренесува дописникот на МИА.

Во Социјалистичката партија на Франција има две левици. Едната олицетворена во Мануел Валс блиска до центарот и таа на Беноа Амон, блиска до левото крило на партијата. Но, тие веројатно никогаш нема да се согласат. Барем не до недела, кога се одржува вториот круг од прелиминарните избори. Покрај тоа, Беноа Амон и Мануел Валс неуспеаа вчера вечер во последната дебата на кратката кампања да се усогласат. Во ниту еден момент, тие не се најдоа на иста бранова должина. Работа, економија, секуларизам, животна средина, здравство … За два часа, двајцата кандидати ги продлабочија разликите. До таа мера што некој кој не ги знае би си го поставил прашањето дали тие се од една иста политичка партија, па дури и ако дебата се одржа со многу пријателски тон, по заострувањето на изјавите последниве денови.

Од една страна Мануел Валс, поранешен министер за внатрешни работи, поранешен премиер и застапник на лево ориентираната влада “одговорен” и “раководител”, по цена дури и да се оддалечи од социјалистичките идеали. Тој не сака да “создава илузии”.

Од друга Беноа Амон, поранешен државен секретар за социјална и солидарноа економија, ефемерен министер за образование и приврзаник на “чиста и совршена” левица по цена дури и на преземање на неколку слободи со јавните финансии. Тој сака да се создаде “иднина по која се тежнее“ .Како предлог за универзален приход проценет цена од 300 милијарди евра. Тоа беше во центарот на дебатата. Беноа Амон ја објасни идејата надолго. Мануел Валс ја оспори исто така надолго. Како и многу други предлози.

“Ги делам соништата на Беноа Хамон, но Французите ќе гласаат врз основа на кредибилитетот. Сите понуди на Беноа Амон, без зголемување на даноците, се невозможни “, речеМануел Валс.

Но, околу долгот, финансискиот барем тоа не е преголем за проблем за Беноа Хамон. Тој има добро воспоставена формула за да го сврти текот на разговорот откако ќе биде споменато ова прашање.

“Ние може да преговараме со нашиот банкар, а не со целата планетата.” “Долгот за животната средина е приоритет. Ние мора да инвестираме во еколошката транзиција “, вели тој. Тој се надева дека “физичката активност, колку и да е мала, да се препорачува и да биде надоместена за оние кои имаат потреба,” дури и во домовите за стари лица.

Колку повеќе Беноа Хамон напредува, толку Мануел Валс забележува дека јазот меѓу нив се продлабочува. Тој ја употреби и неговата формула. “Јас сум кандидатот на вработените со плата, јас не сакам Беноа Амон да е кандидатот на данокот”, рече тој.

Колку повеќе дебатата напредува толку повеќе Беноа Амон ги зголемува јавните трошоци. Тој бара изградба на нов носач на авиони, зошто не и два? Но, тој не ја знае цената. Во секој случај, „неприфатливо е воените трошоци на Франција да одат во пресметката на јавниот дефицит”, вели Амон, бидејќи Франција ја брани Европа. Но, Валс го потсети дека при донесувањето на воениот буџет Амон не гласал за него. “Знаете, има зборови и дела”, рече тој. Тој исто така го критикуваше за тоа што не гласал и за продолжување на вонредна состојба. “Продолжувањето не е оправдано. непомирливата борба против тероризмот може да се води останувајќи внимателни на владеењето на правото “, тврди Хамон.

Двајцата канидати се критикуваат но без тешка агресија. Дури и на прашањето за секуларизмот, што резултираше со силни напади на почетокот на оваа недела, тие се обидуваа да покажат срдечност и кога има длабоки разлики. “Кога една бремена жена слободно одлучува да носи исламска шамија, таа е слободна да го стори тоа”, вели Беноа Хамон. Мануел Валс се согласува, но, исто така, смета дека превезот може да биде и политички чин и тврди дека “зад него се крие проблемот со еманципација на жените.”

Дебатата продолжи без поголеми судири до крајот кога поранешниот премиер на својот поранешен министер за образование, му забележа:”Мора да се почитуваат правилата.” Беноа Хамон напрегнато одговори: “Почитувањето на правила започнува со почитување на програмите на кои бевме избрани. ”

Одлуката ја носат избирачите во недела, пред кои Беноа Амон победник од првиот круг тргнува фаворит. Но сите на ум имаат предупредување дека нивната партија, таква каква што е сега може да се случи да исчезне на следните претседателски и потоа парламентарни избори.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата