Mртва девојка оставена пред поликлиниката „Бит Пазар“

Од:

Девојка на возраст меѓу 25-30 години, која не давала знаци на живот, е оставена синоќа околу 19.30 часот пред поликлиника „Бит Пазар“ во Скопје.

Телото на девојката го оставиле засега непознати машки лица кои веднаш заминале од болницата.

Дежурниот лекар констатирал само смрт и случајот веднаш бил пријавен.

Увид на лице место извршила полициска екипа и по наредба на Истражен судија, телото на починатата е предадено за обдукција.

СВР – Скопје презема мерки за расчистување на случајот.

 

 

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР