Трамп ја потпиша извршната наредба за изградба на ѕид на границата со Мексико

Од:

Новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп денеска потпиша извршна наредба со која што издаде дозвола за почеток на изградба на ѕид на границата со Мексико и донесе некои нови мерки против илегалните имигранти.

„За ова зборувавме уште од почетокот на кампањата“ изјави Трамп по потпишувањето на оваа одлука.

Се уште не е јасно како би се финансирала изградбата на ѕидот или колку ќе чини, но Трамп повторно кажа дека Мексико ќе плати за ѕидот, иако мексиканската влада тоа неколку пати го негираше.

Освен ѕидот, со оваа извршна наредба се одредени повеќе средства за сузбивање на илегалната имиграција и ќе се приоретизирала депортација на илегални имигранти кои прекршиле и други закони.

Доналд Трамп активно и доста контраверзо го започна неговиот мандат, започнувајќи со повлекувањето од ТПП, дозволите за изградба на контраверзните гасоводи и сега наредба за изградба на ѕидот.

Според експертите во Вашингтон, следен чекор на новиот претседател ќе биде привремена забрана за визи за држави како Ирак, Сирија, Судан и Либија.

Би можело да ве интересира

Хутите соборија уште еден американски дрон MQ-9 Reaper, десетти од почетокот на војната во Газа

Трамп: Пукаа во моја близина, никогаш нема да се предадам

ВИДЕО: Со калашников дошол на 400 метри од Трамп, втор обид за атентат во два месеци

Катерина Ѓуровски

„Вашингтон пост“: Откриени нови, но бројни пропусти во обезбедувањето на Трамп

Трамп најави депортација на имигрантите од Хаити, откако ги обвини дека јадат кучиња

Трамп: Нема да има нова изборна дебата со Камала Харис

Горан Наумовски