Г. Тимотеј: Македонците во Австралија да бидат со МПЦ-ОА

Од:

Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија не ги сака имотите на Македонците во Австралија туку сака да е со својот народ и сака народот да е со светата Македонска православна црква.

Ова го порача владиката Тимотеј, кој заедно со секретарот на Дебарско-кичевската епархија протојереј Никола Христоски и епархискиот протоѓакон Николче Ѓурчиноски се во редовна канонска визита во Перт, Западна Австралија каде што ја посетија новоформираната Австралиско-сиднејска епархија на Македонската православна црква-Охридска архиепископија.

Високата црковна делегација беше пречекана од претседателот на Црковната управа при црквата „Св Никола“, Јоте Ќандовски заедно со членовите на управата, свештеникот Станко Јованановски и бројни верници, а присуствуваше и почесниот конзул на Република Македонија Зоран Ќосески.

Предвидено е владиката Тимотеј за време на посетата да одржи света архиерејска литургија во црквата Свети Никола.

Би можело да ве интересира

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите