Доколку сте љубител на џиновски суштества, тогаш сигурно ќе ви се допадне тоа што ваков „ѕвер“ можете да набавите во човекова големина.
Оваа верзија е всушност реплика на на Годзила од 1991 година што се појави во филмот „Godzilla vs King Ghidorah“.
Креирана е со помош на 3Д печатење и верно ги прикажува и најмалите детали на иконата на јапонската поп култура, вклучувајќи ги обликот, бојата и останатите спецификации.
Вајарот Јуџи Сакаји е креатор на новата Годзила верзија, а се смета за еден од најдобрите јапонски скулптори.
За изработка на оваа верзија во човекова големина, тимот ја скенирал верзијата на Годзила од 30 сантиметри висина, а потоа користел технологија со цел да ја креира.
Високота скулптура на Годзила предизвикува големо внимание како и најзината висока цена од 40.000 долари.