Кошаркарите на Црвена звезда го остварија 11. триумф во Евролигата, откако синоќа на гостувањето во Виторија ја победија Басконија со 87:69.
Најзаслужни за победата на белграѓани беа Марко Симоновиќ со 23 поени и Стефан Јовиќ кој имаше дабл-дабл ефект – 18 поени и 12 асистенции.
На другите четири завршени натпревари од 19.коло постигнати се овие резултати:
Уникс Казан – Фенербахче 81:86,
Галатасарај – Макаби 102:63,
Жалгирис – ЦСКА Москва 79:74,
Панатинаикос – Барселона 71:65.
Вечер играат:
Ефес – Дарушафака,
Бамберг – Реал Мадрид и
Армани Милано – Олимпијакос.
Води ЦСКА Москва со биланс 14-5 (победи-порази), пред Реал Мадрид и Олимпијакос кои имаат 13-5, Фенербахче, Црвена звезда, Панатинаикос и Басконија се со ефект 11-8,….