„Њујорк тајмс“: Трамп има намера да го остави Коми на чело на ФБИ

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп има намера да го остави Џејмс Коми за шеф на Федералното истражно биро (ФБИ), пишува весникот „Њујорк тајмс“.

Коми беше остро критикуван од страна на демократите, кога 11 денови пред одржувањето на претседателските избори во САД изјави дека ФБИ ќе изврши проверка на електронската пошта на Хилари Клинтон поради нејзини евентуални прекршувања на законите.

Весникот тврди дека Коми на свои блиски соработници им изјавил дека Трамп побарал од него да остане на чело на ФБИ.

ФБИ продолжува да истражува дали постоеле евентуални врски меѓу соработници на Трамп и руската Влада.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Инцидент на погребот на Џими Картер: Сопругата на Мајк Пенс одби да се поздрави со Доналд и Меланија

Мелони: Трамп нема да го анектира Гренланд и нема да ја напушти Украина

Медведев: Со Трамп сигурно нема да биде досадно

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Аларм на Гренланд поради доаѓањето на Трамп