„Лајм“: Дипломатите успеале да ја повлечат ДУИ од „канџите“ на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Весникот „Лајм“ пишува дека западните дипломати во Македонија во последен момент успеале да ја повлечат ДУИ од „канџите“ на ВМРО-ДПМНЕ и дека текстот на „Лајм“ ги мобилизирал странците.

Дипломаски извори во Скопје, тврдат дека претставниците на меѓународната заедница се против нова влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Ова според нив може да има негативни последици за Македонија, бидејќи „ниту ВМРО-ДПМНЕ ја претставува волјата на мнозинството Македонци, ниту ДУИ волјата на мнозинството Албанци”.

„Лајм” објави дека раководствата на ДУИ и на ВМРО-ДПМНЕ вчера биле блиску до договор за коалицирање, имаше и информации дека и двојазичноста е договорена, но по „интервенцијата“ на претставниците на меѓународната заедница преговорите меѓу овие две партии се привремено прекинати.

Сепак не се исклучува можноста тие преговори повторно да продолжат.

ДУИ, која според партиски извори е поделена меѓу „Ванчо-михајловисти“ кои инсистираат по секоја цена на коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и реформисти кои се противат на такво коалицирање, вчера излезе со демант во врска со текстот на „Лајм“, нарекувајки го „неавторизирана информација“.

Весникот „Лајм“ се смета како медиум близок до партиското крило на ДУИ кое е против „ванчо-михајловистите“.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ