Попоски на Министерски совет на ОБСЕ во Даблин

Од:

 Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска и утре ќе учествува во работата на 19. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), што ќе се одржи во Даблин, Република Ирска.

Како што соопшти МНР, на состанокот на Министерскиот совет, министрите за надворешни работи ќе разменат мислења за активностите на Организацијата во изминатиот едногодишен период, во рамките на ирското претседавање со ОБСЕ. Воедно, се очекува да се усвојат и поголем број одлуки кои се во доменот на надлежностите на ОБСЕ, односно кои се однесуваат на неговите три димензии: политичко – воената, економско – еколошката и хуманата димензија.

Попоски ќе има обраќање на првиот ден на состанокот на кое ќе ги претстави ставовите на Република Македонија. Предвидено е на маргините на Министерскиот совет шефот на дипломатијата да оствари повеќе билатерални средби со свои колеги, како и со високи претставници на ОБСЕ.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија