А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Отворени денови на Катастарот во Скопје

by А1он24/01/2017 - 13:21167
Share0

Жителите на Скопје можат да се обратат во Центарот за катастар на недвижности доколку имаат проблеми или нејаснотии за предмети во надлежност на оваа институција. Стручни тимови на катастарот ќе бидат на располагање за консултации и одговари до петок, од девет до 17 часот, во рамки на 9. Отворени денови на Агенцијата за катастар на недвижности, што почнаа во октомври лани.

Добивај вести на вибер

Отворени денови веќе се реализираа во Штип, Велес, Охрид, Струга, Дојран, Богданци, Новаци, Могила, Кривогаштани. Ќе продолжат наредната недела во Ресен и Демир Хисар, по што е планирано да се опфатат и одделенијата во Куманово, Дебар, Кичево, Берово, Делчево и Скопје, а ќе завршат на 10 март во Македонски Брод и Крушево.

– Досега 740 граѓани присуствуваа на „Отворените денови со Катастарот“ и побараа помош од стручните лица, дел од нив на самото место ја завршија работата, а дел добија стручна помош за да можат најлесно да го решат проблемот. Во однос на бизнис-секторот, досега 146 фирми ја искористија можноста за консултации и разрешување на покомплицирани или посложени предмети кои се поврзани со катастарот, информира на прес-конференција Славче Трпески, директор на Агенцијата за катастар на недвижности.

Лани Катастарот решил речиси 1,2 милиони предмети што е за 130.000 предмети повеќе од 2015 година. Во Центарот за катастар на недвижности-Скопје во минатата година се решени над 390.000 предмети или за 15.000 предмети повеќе од 2015 година. Најмногу предмети, 136.000, се примени во март, а најмалку во јули кога се доставени 77.000 предмети што најверојатно се должи на годишните одмори.

Одговарајќи на новинарски прашања Трпески укажа дека ако до пред десет години граѓаните најмногу се жалеле на брзината на постапките во Катастарот, сега поплаките се за специфични предмети за кои сметаат дека имаат право да им бидат впишани, а стручните служби оцениле дека некој услов не е исполнет. – На отворените денови се отвораат тие предмети, се разгледуваат повторно, ако се работи за грешка на Катастарот се отвора службен налог и веднаш се решава предметот, а ако има потреба за дополнителна документација во тој случај се дава насока на странката, појасни Трепески.

Најбарана услуга на граѓаните од Катастарот е издавање имотен лист и лани се издадени 573.000, по што следат барање податоци од приватните геодетски фирми или 139.000. Над 100.000 барања се примени за промена на сопствени врз основа на купопродажба, наследно решение или подарок. Изминатата година се запишани нови 15.000 хипотеки, а се избришани 10.000 хипотеки. Минатата година во катастарот на недвижности се предбележани 1.775 згради во фаза на изградба, а се примени 50.000 барања за запишување станови, куќи, деловни простории… Во 2016 година Катастарот примил и 20 барања за предбележување инфраструктурни објекти во должина од 380 километри и 110 барања за запишување инфраструктурни објекти во должина од 400 километри.

katastar

Би можело да ве интересира

Од денеска поевтини катастарски услуги

Катерина Ѓуровски24/10/2024 - 09:25

Катастарските услуги поевтинуваат до шест пати

Катерина Ѓуровски23/08/2024 - 14:4423/08/2024 - 14:44

Поскапе имотниот лист: Катастар ги зголеми цените поради поскапата струја и повисоките плати

A1on20/02/2024 - 14:20

Вработена во Агенцијата за катастар побарала поткуп од 2.000 денари

Горан Наумовски05/07/2023 - 12:2905/07/2023 - 12:30

Митева: Катастарот е уште една институција која СДСМ по само пет години ја донесе на раб на банкрот

Катерина Ѓуровски29/11/2022 - 11:49

Воведен регистар на одземен имот, банките продаваат 1.207 станови и дуќани и 278 парцели земјиште

Ана Ололовска26/12/2019 - 14:1526/12/2019 - 14:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен