Германски европратеник со британско потекло на чело на Комитетот за надворешни работи на ЕП

Од:

Германскиот европратеник од редовите на најбројната политичка групација во Европскиот парламент, Европската народна партија (ЕПП), Дејвид Мекалистер, денеска со акламација е избран за нов претседател на Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европарламентот.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Мекалистер, кој има британско потекло и е поранешен премиер на германската провинција Саксонија, на местото прв човек на АФЕТ-групата го наследува долгогодишниот претседател на најважниот Комитет на ЕП, а тоа е неговиот партиски колега и сограѓанин – Елмар Брок.

– Чест ми е да бидам претседател на оваа група. Ќе гледам да делувам непартиски и да го водам овој Комитет со советување со координаторите на политичките групи – истакна Мекалистер по денешниот избор.

Инаку, овој германски европратеник со германско потекло е многу важен и за Република Македонија, со оглед на тоа што го превзема претседателското место во Комитетот кој се занимава и со македонската држава и останатите од процесот на проширување. Посебно е важно што 46-годишниот Дејвид Мекалистер добро го разбира балканскито регион, со оглед на тоа што досега беше известувач во Европарламентот за Србија, а и самиот важи за пријател и поддржувач на балканските земји и воопшто на процесот на проширување на Унијата.

Инаку, на денешниот изборен ден во рамки на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, избрани се и четворицата потпретседатели што ќе му помагаат и ќе го заменуваат Мекалистер при неговото отстуство, а во раководењето со АФЕТ-групата. Исто како и претседателот на групата, и останатите четворица потпретседатели без избрани со акламација и тоа Данецот Андерс Примдал Вистисен од Партијата на европските конзервативци и реформисти за прв потпретседател, Хавиер Кусо Пермуј од Шпанија (Партија на европско-нордиската левица-ГУЕ-НГЛ) за втор потпретседател, Романецот Анди Кристеа од Партијата на европските социјалисти за трет потпретседател и Хрватката Дубравка Шуица (ЕПП) за четврти потпретседател на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.

Претседателот на АФЕТ, четворицата потпретседатели и сите членови на АФЕТ-групата имаат мандат од две ипол години, пред новите избори за Европарламентот, а денешното гласање го покажа поттиснувањето на европските социјал-демократи од врвните позиции во законодавниот дом на Европската унија, како резултат на нивното излегување од големата европска коалиција со Европската народна партија, што резултираше со прегрупирање во ЕП и приближување на ЕПП со либералите и конзервативците, а кое како резултат го имаше изборот на Италијанецот Антонио Тајани (ЕПП) за претседател на Европскиот парламент минатата недела.

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Запленети околу 1,5 милиони евра во истрагата за корупција во Европарламентот

А1он

ЕП ја разреши потпретседателката Каили

А1он

Европскиот парламент почна процедура за смена на Каили која е уапсена поради корупција

Ана Ололовска

ЕП и ЕУ усвоија „Механизам за прилагодување на границите на јаглеродот“

Ана Ололовска