Интернационална компанија која се занимава со архитектура и дизајн „Snøhetta“ креира куќа на дрво.
„Седмата соба“ е удобен хотел во северна Шведска, сместен во близина на арктичкиот круг. Дизајнот на структурата се заснова на традиционално нордиска колиба и е на 12 столбови меѓу крошните на боровата шума, 33 метри над тлото.
Светлите дрвени ентериери создаваат удобна атмосфера, а високите прозорци пружаат поглед на шведскиот Лапланд, вклучително и на реката Луле.
Куќата со површина од 55 метри квадратни има дневна соба, бања и две спални соби. Во неа можат да се сместат пет лица, а достапна е преку скали и мал лифт.