Амбасадите на Германија и Франција вечер во Кинотеката на Македонија ќе одбележат 54 години од потпишувањето на Елисејскиот догоовр, со кој беше официјализирано француско-германското пријателство.
По тој повод ќе се обратат амбасадорите на Германија и Франција во Македонија, Кристине Алтхаузер и Кристијан Тимоние, а потоа во Кинотеката ќе биде прикажан филмот „Франц“ – последно кинематографско остварување на францускиот режисер Франсоа Озон.