Aлаѓозовски: Недозволиви се самоволието и нетранспарентноста на Министерството за култура

Од:

Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисија за култура на СДСМ на прес конференција побаранадлежните институции да испитаат дали Канческа Милевска незаконски делела и пари во Годишната програма на Министерството за култура, покрај сите незаконитости во нејзината работа, за што ја сомничи СЈО.

Еве што кажа Алаѓозоваски:

Ветивме на граѓаните и ќе има ревизија на законитоста на оваа програма со оглед дека е потпишана од министерка во заминување која истовремено е и пратеничка.

Во меѓувреме бараме, Канчевска Милевска веднаш јавно да објасни кој и според кои критериуми донел одлука дека одбиените врвни уметници, автори, режисери, писатели не го застауваат националниот интерес.

Ги охрабруваме членовите на комисиите да кажат кој и какви притисоци правел врз нив за да одбијат проекти на уметници, автори, режисери, писатели… кои имаа критички став кон активностите на Министерството за култура изминатите години.

Предупредуваме Канчевска Милевска да не манипулира и со добитниците на проектите во Годишната програма! Бидејќи Буџетот на РМ за 2017 година е веќе донесен, Министерството за култура мора да открие кој проект колку средства има добиено. Добитниците на годишни проекти имаат право да знаат дали доделените пари се доволни да се реализира нивниот проект или им се доделени понижувачки средства за нивните дела.

Недозволиви се самоволието и нетранспарентноста на Министерството за култура при изборот и доделувањето пари за проекти на уметнички и аворски дела.

За ова повеќе да не се случува итно е потребна нова одговорна Влада на граѓаните на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

На „Браќа Манаки“ преставени кинематограферите Јошио Китагава, Азамат Дулатов и Јошико Такано

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Македонска филхармонија гостува во Дубровник

(ВИДЕО) Филипче: Раздвојувањето на Албанија и Македонија е катастрофа за иднината на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Цената на лебот се намали за еден денар, целосно неефикасни мерки на Владата

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС и ДУИ наместо да се грижела за граѓаните и државата, само крадела од народните пари