51-годишниот Еди Марфи и натаму одлично заработува. Со оглед на тоа дека неговите последни филмови беа целосен неуспех, Марфи е прогласен за најпреплатен актер во Холивуд.
Според магазинот „Форбс“, за секој долар кој Еди го заработил за последните три филма, филмаџиите вратиле просечно два и пол долари. Неговиот минатогодишен филм „Tower heist“ исто така не ја воодушеви публиката и заработи само двојно од вложените 75 милиони долари.