Општина Центар одговори со соопштение на прес конференцијата на советникот Илија Илијовски од ВМРО-ДПМНЕ. Еве што стои во соопштението:
Советникот Илијовски, одржувајќи прес конференција на Сквер Јадран, сигурно стоел на една од многуте искршени плочки кој станаа препознатлив имиџ за начинот на работење на нивните градоначалници.
Вградените материјали во неквалитетно изработените проекти на неговата партија во општина Центар, им се многу добри познати на напите сограѓани. Недомаќинското и криминогеното работење е одлика токму на неговата партија, која потроши над неверојатни 600 милиони евра на криминалниот проект “Скопје 2014”, чии што градби веќе почнаа да се распаѓаат.
Локалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, за време на своето 13 годинишно владеење, ја претвори општина Центар во подрачна единица на Владата и во пералница за пари во служба на Груевски.
Затоа во Центар веќе никогаш нема да дојдат на власт и затоа изгубија со повеќе од 8.500 гласа разлика на последните парламентарни избори.
Цврсто веруваме дека конечно доаѓа времето кога сите поединци, вклучени во најголемиот буџетски криминал во историјата на Република Македонија, ќе одговараат за своето злодело.