Новинари од Кирилица: Директорот на МРТ осуден, а сега амнестиран од истата судијка

Од:

Директорот на МРТ Марјан Цветковски, иако на 4 ти септември беше прогласен за виновен, со одлуката од пред два дена е амнестиран од одговорност за неисплатените плати и придонеси на десетина новинари додека бил управител на порталот Кирилица, заедно со Александар Георгиевски.

Истата одлука си ја донесе истата судијка-Лидија Чачева. Новинарите кои ги тужеа Цветковски и Георгиевски, порачуваат-доста е веќе од политичко-судските марифетлаци. Според нив „очигледно е дека Марјан Цветковски од позиција на моќ влијаел на најновата одлука, но порачуваат дека кога тогаш ќе се соочи со правдата и дека немаат намера да се откажат од прогонот“.

Судијката на 4 ти септември пресуди- „Обвинетите се виновни зашто како управители не придружувајќи се кон законот за пензинско и здравствено осигурување материјално ги оштетиле тужителите“.

И двајцата беа осудени на условна казна од шест месеци затвор, доколку не сторат ново кривично дело во рок од две години. Судот ги осуди и на 30.000 денари казна, и ги задолжи двајцата солидарно да им го надоместат материјалното барање од над десетина илјади евра на новинарите.

Целата „финта“ на судијката всушност е што 34 дена ја пишуваше одлуката која сама ја донесе, иако законскиот рок е далеку помал. Не помогнале ни неколкуте асистенции и барања на новинарите да ја напиште пресудата. Токму кога поминаа 4 години од случајот, таа го прогласи за застарен а на новинарите им напиша дека имаат рок од три дена за жалба до Апелациониот суд и да покренат постапка пред Граѓански суд.

Дополнително, на 5 септември фирмата ИДМ Медиа ДОО Скопје чии управители беа Марјан Цветковски и Александар Георгиевски е ставена во стечај, само еден ден по пресудата за нив. На 5 ти октомври стечаен управник прогласил дека ИДМ Медиа нема никаков имот.

На судот му требаа две години да го покрене случајот, поради обемноста на доказите како што тврдеше судијката Чачева. За потоа, седум, осум, рочишта да се одложува почетокот, бидејќи не можеа да го најдат Марјан Цветковски, па дури и кога стана генерален директор на МРТВ.

Новинарите постојано предупредуваа дека судот ќе го застари предметот, зашто не може генералниот директор на МРТВ да биде прогласен за криминалец. Затоа велат и сега го амнестираа, но нема да помине како што замислиле.

Би можело да ве интересира

Гулаб слета на главата на новинарката непосредно пред да известува во живо, нејзината реакција насмеа многумина

Почина Барбара Волтерс

Ипсос: За време на епидемијата српските граѓани повеќе се пред ТВ, а македонските на интернет

А1он

Тотал ТВ бесплатно ги отвори дополнителните канали за своите претплатници

Ландов

СЗО: На децата треба да им се ограничи времето поминато пред ТВ екран

Вукосављевиќ: На Кирилицата и се заканува опасност од исчезнување

Наум Локоски