Францускиот часовник од 1835-та е продаден за рекордни 6,8 милиони долари што досега е најголемата цифра на сума дадена за еден часовник на аукција.
Часовникот „Breguet Sympathique“ на војводата од Орлеан, бил проценет во Сотбиј на пет милиони долари. Последен пат на аукција бил продаден во 1999-та за 5,7 милиони долари, што дотогаш тоа било рекордната цифра.
Акциската куќа не сакала да открие кој е сопственикот, односно купецот, на овој златен часовник, кој бил ѕвезда на синоќешната аукција.