Мехмедовиќ: Власта во заминување заработила 5 милиони денари за вакцините за грип на грб на граѓаните, Тодоров бега!

Од:

Недозволиво е Никола Тодоров и власта во заминување, трет ден да молчат за “најверојатно“ мутираниот вирус на грип во Македонија. Тодоров е должен да им каже на граѓаните што ги збуни и загрижи, дали има или нема мутиран вирус на грип? И зошто во време кога тој ја даде изјавата, надлежниот Институт за јавно здравје немаше таква информација, напротив констатиран е конкретен тип на вирус на грип, рече на прес конференција Злате Мехмедовиќ, член на Комисијата за здравство на СДСМ.

Неодговорното однесување на Тодоров покажува дека до последен ден власта во заминување не се грижи за граѓаните, туку само за едно – за тендерите преку кои 10 години се богатат, осиромашувајќи ги луѓето.

Ова е официјален документ за набавката на вакцини за сезонски грип.

Одела преку Центарот за јавно здравје во Битола за сите 9 центри низ Македонија освен за Скопје. Како што може да се види од склучениот договор, сумата за набавените 21.900 вакцини изнесува околу 3.800.000 денари (3.757.434). ТОА ЗНАЧИ ДЕКА ЕДНА ВАКЦИНА ЧИНИ 171 ДЕНАР (171.6).

Погледнете сега за колку пари здравствените власти ја продавале вакцината за грип – за 400 денари!

Тоа значи дека власта во заминување на грбот на граѓаните, заработила 5.000.000 денари!

Едно 4-члено семејство плаќало 1.600 денари за вакцинација, а можело да се вакцинира за 687 денари. И тоа, како што може да се види од распишаниот тендер, за вакцина која е набавена според условот, погодувате, најниска цена!

Останатите вакцини се набавени од Центарот за јавно здравје во Скопје и за оваа набавка нема достапен повик за тендер на страницата на Бирото за јавни набавки.

Безобразно е граѓаните да плаќаат вакцини за грип по двојно повисоки цени во услови кога Македонија е се уште во зона на висока активност на грипот со пријавени нови над 5.000 болни во последната недела.

На граѓаните итно им се потребни институции што ќе работат за нивните потреби. Тие затоа избраа промени. И затоа е потребна нова одговорна Влада којашто реално ќе се грижи за нивното здравје, рече Мехмедовиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Поскапува парното, со арамијата Мицкоски животот на граѓаните е претворен во преживување

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поповиќ: Под притисок на власта Уставен суд го укина колективниот договор – преседан против 2.000 работници во култура

СДСМ бара Гаши веднаш да свика итна седница за насилствата врз жените

Горан Наумовски

СДСМ: Како буџетот е предизвик за Мицкоски кога сме трета економија во Европа?

Директорката на „Алта груп“ која е во притвор во Белград има фирма во Скопје, објави СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се кратат парите за спортот, со Борко Ристовски македонскиот спорт оди кон пропаст