Легендарниот боксер Мухамед Али е прогласен за „крал на боксот“, а круната на трикратниот шампион му ја предаде сегашниот крал во тешка категорија, Виталиј Кличко.
Мухамед Али меѓу првите почна да ја практикува посебната техника во боксување што се опишува како „стил на пеперутката која брзо лета околу противникот, а потоа боцка како оса“.
Трикратниот шампион има освоено златен медал на Олимписките игри во 1960 година во Рим на 18-годишна возраст, по што се стана шампион во професионалниот бокс.
Во тоа време, беше познат под името Касиус Клеј, а одлуката да се преобрати во муслиман и да се вика Мухамед Али се случи непосредно по освојувањето на новата титула, кога јавно го прифати исламот.
Потоа, се придружи на сектата Malcolm X, која го претставува симболот на Афроамериканците против ропството.
Одбива да оди во Виетнам поради што му било забрането 3 години да боксува. По истекот на забраната, повторно се активира за титулата на шампион, но го загуби мечот од Џо Фрејзер, а потоа и ќе се реваншира.
Меѓу неговите најспектакуларни борби е мечот против Џорџ Форман во 1974 година. Се пензионира во 1981 година, додека во 1984 му беше дијагностицирано Паркинсова болест.
На церемонијата присуствуваа уште многу големи шампиони како Серхио Мартинез, Сол Алварес, Хулио Цезар Чавез и др. Тие исто учествуваа во крунисан на Али. Мартинез даде дијамантски појас на Али.