Ирачкиот премиер бара истрага на причините за американската инвазија на Ирак

Од:

Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади бара целосна транспарентност на настаните кои доведоа до инвазија врз земјата во 2003 година на меѓународната воена коалиција предводена од САД.

Тој посочи дека сака „целосна истрага“ на американскиот процес за донесување на одлука, со која армијата на САД тргна да „го ослободува“ Ирак од „терористичкиот режим на Садам Хусеин“, а потоа „ја окупира“ земјата.

Абади посочува дека инвазијата предводена од САД предизвикала нестабилност и продолжен хаос.

– Американското вмешување во Ирак овозможи секакви терористички групи од целиот свет да влезат во Ирак, а за тоа Ирачаните скапо платија, истакна Абади, додавајќи дека се надева оти „Ирачаните ќе бидат обештетени за трагедиите и катастрофите што ги преживеале“.

Би можело да ве интересира

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Русија: Нема да се спасите, нуклеарна војна не смее да се случи бидејќи нема да има победници

Горан Наумовски

Паника во Америка: Изборните службеници добиле сомнителни пакети, случајот го истражува ФБИ

Хутите соборија уште еден американски дрон MQ-9 Reaper, десетти од почетокот на војната во Газа