Врховниот суд ги прифати жалбите за судскиот администратор од скопска единица

Од:

Врховниот суд на Република Македонија уважи три жалби на вработени во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, кои сметаа дека поранешниот претседател на Скопскиот кривичен суд, Владимир Панчевски, на незаконски начин извршил именување на нов судски администратор, објави Макфакс.

Највисокиот суд ги прифатил наводите на сите тројца вработени кои ценеле дека Панчевски, на 18-ти ноември донел противзаконска одлука, како и тоа дека при административната селекција, Комисијата за селекција и унапредување утврдила дека од Панчевски именуваната Роза Кавазова „не ги исполнува условите предвидени со законот“, но продолжила со постапката и закажала интервју на кое, покрај сите пријавени, се појавил и именуваниот кандидат.

Инаку, од скопска единица, до Врховниот суд бил испратен одговор по жалбата на оштетените кандидати и според мислењето на Панчевски именуваната кандидатка е најкомпетентниот кандидат за работното место судски администратор, односно дека таа е со највисоко звање, односно категорија и ниво.

Би можело да ве интересира

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови

Хисени: Признавањето вина од Мемети и од Георгиев – горчлив доказ за понатамошното намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Во Обвинителството и судството парите од буџетот за нови вработувања ги пренаменувале за плати велат од Финасии

Судскиот совет ја отфрли Иницијативата од ДКСК за одговорност на членови од Управниот одбор на АСЈО

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму