По синоќашниот избор на Антонио Тајани од Европската народна партија (ЕПП) за нов претседател на Европскиот парламент, европратениците денеска во првиот круг на гласање со апсолутно мнозинство избраа десет потпретседатели на претставничкот тело на ЕУ, јави дописникот на МИА од Стразбур.
Од канидатите на ЕПП за потпретседатели беа избрани Мајред Мекгинис од Ирска со 466 гласаови, Рајнер Виланд од Германија со 336, Рамон Луис Валсарел Сисо од Шпанија со 323 и Илдико Галл-Пелц од Унгарија со 310 гласови.
Од канидатите на Прогресивната акијанска на социјалистите и демократите за попретседатели беа избрани Богуслав Либерадски од Полска со 378 гласа, Давид-Марија Сасоли од Италија со 377, Силви Гијом од Франција со 335 и Евелин Гебхард од Германија) 315 гласови.
Кандидатот на Европските конзервативци и реформатори Ричард Чарнецки од Полска беше избран со 328 гласа, а либералот Павел Теличка од Чешка со 313 гласови.
За да бидат избрани тие требаше да добијат апсоултно мнозинство од гласовите во првиот или вториот круг, во случај на трет круг, кандидатите кои остануваат во трката треба да добијат најмногу гласови.
Остануваат да се пополнат уште четири потпретседателски функции, чии носители ќе бидат познати попладнево.