Гутереш: Заканите предизвикани со војната во Сирија се многу опасни

Од:

Глобалните закани предизвикани со војната во Сирија се многу опасни за да поминат нерешени, изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, укажувајќи на потребата од напредок во мировните преговори следната недела.

Тој на прес-конференција во Женева истакна дека конфликтот во Сирија предизвикал нестабилност на Блискиот исток, како и терористички напади ширум светот.

– Последиците од овој конфликт станаа премногу опасни за сите, додаде Гутереш, изразувајќи надеж дека преговорите во Астана ќе доведат до консолидирање на прекин на огнот и замрзнување на конфликтот.

Мировните преговори меѓу противниците треба да почнат в понеделник во главниот град на Казахстан, со посредство на Русија и Турција, а не ОН.

Ова е втора официјална посета на Гутереш на Женева откако стапи на функција на 1 јануари, а денеска треба да оствари средба со кинескиот претседател Си Џинпинг.

Би можело да ве интересира

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

Избегнат руско-американски инцидент во Сирија

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Ројтерс: Американски војници се повредени во напад со беспилотно летало во Сирија

Во Сирија училишен автобус излетал од патот, најмалку седум загинати

А1он