Лавров: Европски лидери отворено се мешаа во претседателската кампања во САД

Од:

Лидерите на земјите-сојузници на САД отворено се мешаа во американската претседателска кампања, а обвинувањата во таа смисла против Русија се клевета, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Оваа изјава ја даде на прес-конференција по разговорот со австрискиот колега Себастијан Курц, актуелен претседавач со ОБСЕ, пренесе ТАСС.

– Се уште се упатуваат празни, безпредметни, и би рекол, клеветнички обвинувања, изјави Лавров.

– Цинизмот на ситуацијата е во тоа што нас не обвинуваат оние кои сами најактивно се мешаа во изборната кампања, потенцира рускиот дипломат.

– За разлика од нас, цела низа лидери на земји-сојузници на САД отворено агитираа за Хилари Клинтон. Тоа активно го правеа и Ангела Меркел, и Франсоа Оланд, и Тереза ​​Меј, и други лидери на европски држави. Истовремено, официјални претставници на европски земји без задршка го демонизираа Доналд Трамп, додаде Сергеј Лавров.

Би можело да ве интересира

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска