По првиот круг на гласање Тајани води во Европскиот парламент

Од:

Европратениците од десет часот изутринава гласаат за изборот на нивни претседател, а по првиот круг на гласање најмногу гласови освои Антонио Тајани, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Ги Верховштат (Група на Алијансата на либералите и Демократите за Европа, Белгија). ја повлече својата кандидатура, а по првиот круг на гласање Елеонора Форенза (Обединета европска левица-Нордиска зелена левица група, Италија), Жан Ламберт (Група на зелените / Европската слободна алијанса Велика Британија), освоија по 50 гласови секоја, Џани Питела (Прогресивна алијанса на социјалистите и Демократите, Италија), 183, Лорентиу Ребега (Европа на Нации и Слобода , Романија), 43, Хелга Стивенс, (Европски конзервативци и реформисти група, Белгија), 77 и Антонио Тајани, Партија група на Европската народна партија (Италија) 274 гласови.

За да биде избран во првиот круг на кандидатите им беа потребни најмалку 342 гласови

Според проценките, најголеми шанси да стане претседател на Европскиот парламент имаат Антонио Тајани и Џани Питела, двајцата од Италија.

Тајани има солидно политичко искуство. Тој беше комесар на ЕУ за сообраќај од 2008 до 2010 година, а потоа комесар за индустрија 2010-2014. Тајани влезе во Европскиот парламент во 1994 година. Тогаш тој стана основачки член на партијата Форца Италија на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони.

Вториoт Италијанец во трката е Џани Питела од социјалдемократските редови. Иако според претходен договор сегашниот претседател Мартин Шулц, германски социјалдемократ, требаше да го замени некој од EНП, тој договор повеќе не важи откако Питела влезе во трката и фактот дека сите први функции во ЕУ би биле во рацете на Народните партии.

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Запленети околу 1,5 милиони евра во истрагата за корупција во Европарламентот

А1он

ЕП ја разреши потпретседателката Каили

А1он

Европскиот парламент почна процедура за смена на Каили која е уапсена поради корупција

Ана Ололовска

ЕП и ЕУ усвоија „Механизам за прилагодување на границите на јаглеродот“

Ана Ололовска