Расмусен изрази жалење за трагичната смрт на Милинковиќ

Од:

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен е длабоко погоден од трагичната смрт на амбасадорот на Србија во организацијата Бранислав Милинковиќ, изјави портпаролката на Алијансата Кармен Ромеро.

– Милинковиќ уживаше голема почит. Ќе ни недостига, изјави Ромеро.

Српскиот премиер Ивица Дачиќ изрази искрено сочувство на семејството и пријателите на амбасадорот Милинковиќ.

Амбасадорот на Србија во НАТО Бранислав Милинковиќ изврши самоубиство во вторникот навечер на аеродром во Брисел, потврди Министерството за надворешни работи на Србија.

„Блиц“, кој се повикува на дипломатски извори, објави дека Милинковиќ извршил синоќа самоубиство на главниот меѓународен аеродром во Брисел, скокајќи од паркинг пред очите на Зоран Вујуќ, заменик-министер за надворешни работи, кој го води секторот за безбедносна политика.

Портпаролот на аеродромот Завентем, Јан ван дер Круз потврди дека еден маж починал синоќа, откако паднал од неколу катниот паркинг.

Милинковиќ, според анионимен дипломат, скокнал од платформа со височина од осум до десет метри, додека ја чекал српската делегација, составена од претставници на Министерството за надворешни работи, кои требало да се сретнат со претставници на НАТО. Мотивите за трагедијата се уште не се познати.

Сопругата на Милинковиќ веста ја дознала во Даблин, од каде веднаш се упатила кон Брисел. Милинковиќ има еден шест годишен син.

Милинковиќ е поранешен новинар и познат дипломат и правник. За амбасадор на Србија во НАТО беше назначен во 2009 годдина, а претходно беше амбасадор на Србија во ОБСЕ.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот