ФОТО: Во Центар улиците исчистени – фрлени 60 тони сол

Од:

Екипите на општина Центар, заедно со зимската служба, поради обилните врнежи од снег во изминатите 24 часа, работеа во текот на ноќта со целата расположлива механизација.

Ваквата одлука од страна на општината беше донесена за да не се дозволат поголеми наноси од снег и подмрзнување во раните утрински часови.

Синоќа, од 21:30 до 02:00 часот, беа фрлени 23 тони сол по улиците кои се во надлежност на општината и снегот е расчистен на сите улици.

Акцијата за чистење започна со улиците на Водно, како најризичино подрачје и продолжи на територијата на целата општина.

Во 05:00 часот, поради непрестаните врнежи од снег, повторена е истата рута и до 09:00 часот се фрлени дополните 37 тони сол или вкупно 60 тони во двете акции.

Утрово улиците беа исчистени и граѓаните можеа без потешкотии да ги напуштат домовите. Сообраќајот по сите коловози се одвива непречено.

Општински мобилни екипи се подготвени и за интервенција на повик на граѓаните.

Општина Центар ги известува граѓаните доколку за одредени улици има потреба од дополнителна интервенција, да го контактираат директно раководителот Горан Иљовски на телефон ‎072 268 746.

Би можело да ве интересира

Герасимовски најави нова градинка, двосменско работење на градинките, бесплатни оброци за ученици и два нови покриени базени

Мицкоски до Филипче: Народот салата ќе ве направи на избори, на митинзи ниту пратениците не ти доаѓаат, сам си со Заев

Герасимовски: Сите детски и спортски игралишта се обновени, следуваат нови инклузивни и пристапни игралишта за сите деца

Нови пешачки патеки, декоративно осветлување и повеќе зеленило долж улиците, тоа е мојата визија, вели Герасимовски

Горан Наумовски

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар