ЛДП: Груевски да го врати мандатот

Од:

И по една недела од доделувањето на мандатот, Никола Груевски не успева да формира влада. Напротив, тој и натаму си игра со трпението на граѓаните, кои јасно на 11 декември гласаа за промени и смена на режимот.

Намерите на Груевски се јасни. Но, Груевски мора да знае дека процесот на чистење на политичката сцена , како и демонтирањето на „груевизмот“ е неминовен и незапирлив, реагираат од ЛДП.

Сите оние политичари кои се осомничени од СЈО за криминал, не можат и не смеат да формираат влада.

Затоа, го повикуваме Груевски да го врати мандатот, бидејќи на државата и е потребна влада која ќе започне темелни реформи базирани врз препораките од извештајот на Прибе. Во Македонија мора да се врати владеењето на правото и почитувањето на институциите на системот. Меѓу приоритетите на новата влада ќе бидат и реформите за независно судство, како и продолжување на работата на СЈО. И конечно, започнување на судски процеси против сите функционери на власта и корумпираните елити, инволвирани во криминал, корупција и изборни измами.

Македонија веќе не смее да биде земја на омрази, делби и сиромаштија, туку стабилна држава која ќе цели на патот на европеизацијата и на НАТО.

Би можело да ве интересира

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он

(ВИДЕО) Зајкова: Срамно е по 18 месеци чекање нов Кривичен законик, да добиеме само козметички интервенции

Зајкова: Македонија припаѓа во ЕУ, а Европа мора да покаже политичка храброст

Горан Наумовски

Иницијативен одбор за реформи во ЛДП: Како од „фабрика на идеи“ ја сведовте ЛДП на непрепознатлива НВО организација

Предраг Петровиќ

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори